Нант со еден позитива ќе патува на реваншот во Португалија

Ракометарите на Нант триумфираа минимално против Спортинг Лисабон со 28:27 (13:10) во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите.

По изедначената игра во воведниот дел, францускиот тим го наметна своето темпо и не му дозволи на противникот многу простор за игра. Само еднаш гостите стигнаа до израмнување, но Нант потоа беше во резултатска контрола, но без голема комоција во играта.

Во второто полувреме, домаќините неколку пати водеа со пет разлика, но наместо рутински финиш, следуваше неизвесна завршница. Сепак, Нант успеа да победи и на реваншот во Португалија ќе влезе со еден позитива.

Одличен на голот на Нант беше Иван Пешиќ, кој натпреварот го заврши со десет погодоци, а предводник во нападот беше Мине со седум реализации.

Кај Спортинг Лисабон се истакна младиот Мартим Коста со осум погодоци, а останатите играчи имаа помалку од пет.