Тимот на Охрид го очекува реваншот против Целје во полуфиналето од ЕХФ Европскиот куп во кој ќе брка прво европско финале во клупската историја.
Од редовите на „гладијаторите“ најавија дека пред овој дуел ќе биде организирана и фан зона за навивачите.
Таа ќе биде поставена пред салата „Билјанини Извори“ со почеток од 16:30 часот, а музика ќе пушта ди-џеј Фејс.
„Дојдете во фан зоната пред салата „Билјанини извори“ во сабота, од 16.30ч. до пред почетокот на натпреварот. Во фан зоната ќе биде отворен и нашиот фан шоп каде што може да набавите дресови, маици, шалчиња и други реквизити од ГРК Охрид“, се вели во објавата на Охрид.
Вратите за натпреварот ќе бидат отворени од 17:30 часот, а дуелот е закажан со почеток од 19:00 часот. На првиот меч избраниците на Борис Ројевиќ загубија со 27-26.
____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________

























