Поради европските настапи на Вардар во Лигата на Европа и дуелите со францускиот Монпелје, „црвено-црните“ нема да играат викендов во домашното првенство.
Најголемото дерби на македонскиот ракомет меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер, кое требаше да се игра на 2 мај, ќе се игра на 7 мај.
Вардарци побараа одложување за да се посветат на европските обврски, а битолчани им излегоа во пресрет на барањето и се согласија овој меч да се одигра следниот четврток.
Натпреварот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер се игра на 7 мај од 19:00 часот во СЦ „Јане Сандански“, а на овој дуел домаќините со победа, реми или пораз до три гола може да ја потврдат титулата во оваа сезона.

























