Најдобрата судиска двојка од Македонија, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, седми пат по ред ќе биде дел од Европско првенство.
Европската ракометна федерација ги објави имињата на арбитрите за континенталниот собир, а меѓу нив се најдоа и Начевски и Николов.
Покрај имињата на македонските арбитри, на листата на ЕХФ се најдоа уште 17 двојки од Европа.
Maшката репрезентација исто така ќе биде дел од ЕП во Германија и ќе биде во група со домаќинот, Франција и Швајцарија.