Начевски и Николовски со задачи во квалификациите за ЕП 2026

Европската ракометна федерација ги објави официјалните лица за натпреварите од 3 и 4 коло од квалификациите за пласман на ЕП 2026.

Покрај судиските парови Николов – Начевски и Металари – Николовски, ЕХФ делегираше и двајца делегати од Македонија.

Станува збор за Марјан Начевски и Ацо Николовски, кои ќе патуваат во соседството за натпревари од квалификациите.

Начевски ќе биде делегат на мечот меѓу Косово и Украина што ќе се игра на 13 март во Приштина од 20:15 часот.

Николовски ќе биде делегат на мечот меѓу Унгарија и Црна Гора што е закажан за 16 март од 17:30 во Татабања.

Николов и Начевски делегирани во квалификациите за ЕП 2026

Николовски и Металари со нова задача од ЕХФ