Соколески по четврти пат меѓу голманската елита на кампот во Омиш

Традицијата која што трае повеќе од15 години, со организацијата на кампот за ракометни голмани во хрватскиот град Омиш, продолжи и ова лето.

Македонскиот тренер на голмани Ице Соколески, кој е дел од шампионот Еурофарм Пелистер, е дел од одбраното друштво.

Соколески по четвртипат во низа е во тренерскиот штаб на кампот заедно со Марин Шего, Дино Шпиранец, Харис Поробиќ…

Тренерот на голмани во Еурофарм Пелистер и во кадетската репрезентација на Македонија, од 22 до 28 јуни ќе им ги пренесува голманските „тајни“ на многуте млади чувари на мрежата од целиот свет.

Меѓу демонстраторите на кампот во Омиш се голманите на најсилните европски екипи – Матеј Мандиќ, Виктор Гисли Халгримсон, Урх Кастелиц, Игнасио Биоска, Карим Хендави, Доминик Кузмановиќ…