Tрансфер од соништата: Марија Јанкуловска ќе игра во Франција!

Најдобриот лев бек за минатата сезона во Супер женската лига во Ол Стар изборот на 24Ракомет, Марија Јанкуловска, го направи својот прв трансфер надвор од границите на Македонија.

Јанкуловска во следните две сезони ќе биде дел од францускиот тим Париз 92, откако се обврза на договор до 2028 година.

Одличните настапи на Јанкуловска и го донесоа првиот трансфер надвор од Македонија, па ќе може да ги покаже своите квалитети во земјата од каде што доаѓа европскиот првак Мец.

Македонската репрезентативка потекнува од Пелистер, на домашната сцена беше дел од Ѓорче Петров и Металург Автокоманда, пред одново на почетокот на оваа година да се врати меѓу „лавиците“ со кои стигна до двојна круна.

Париз 92 во минатата сезона го освои деветтото место во францускиот шампионат, па нема да биде активен во европските купови наредната сезона.

____________________________________________________________________________________________________
  Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________