Селекторот на кадетите со нов предизвик – Кузманоски се сели на Кипар!

Горан Кузманоски во следните две сезони ќе го има својот втор интернационален предизвик како тренер. Како што одамна најави 24Ракомет, Кузманоски во следните две сезони ќе биде дел од амбициозниот план на екипата на Строволу од Кипар.

Овој клуб по играњето во Втора лига обезбеди место во елитата. Во Кузманоски гледаат тренер со кој би требало да одат напред, и да се вратат и на меѓународна сцена.

Кузманоски зад себе има интернационално тренерско искуство од Романија каде настапуваше за Одорхеи, а потоа беше и тренер – играч. Во Македонија беше тренер во Скопје, по што премина во Бутел. И лани и годинава играа во Купот на ЕХФ, а тимот во меѓувреме направи подмладување и се пласира во плеј-офот.

Плановите на Строволу се да бидат конкурентни во највисокиот ранг на натпреварување на Кипар, откако сезонава веќе обезбедија место во повисок степен на играње. Со Кузманоски добиваат тренер кој ќе им пренесе знаење на играчите, и ќе помогне во издигнување на клубот.

Пред да го преземе Строволу, Кузманоски ќе има предизвик со машката кадетска репрезентација и настапот на ЕП во Србија.

____________________________________________________________________________________________________
  Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________