Иако беше таргетиран од повеќе суперлигашки тимови, искусниот кружен напаѓач Владимир Бојаниќ го одбра новиот член на елитата, Младост Богданци, дознава 24Ракомет.
Пикерот по четири сезони се раздели со тимот на Охрид на најубав можен начин – со трофеј во Купот на ЕХФ и ќе биде големо засилување за богданчани.
Бојаниќ одново ќе соработува со Горан Андоновски, со кој соработуваа во составот на Охрид една сезона. Српскиот интернационалец, кој во меѓувреме доби и македонски пасош беше избран во Ол Стар тимот за најдобар пивот во изборот на 24Ракомет во 2023 година.
Српскиот пивот има големо искуство низ Европа и беше дел од силни клубови како Металопластика, Горење Велење, Војводина, Тримо Требње, Бешикташ…пред да дојде во Македонија.
Претходно Младост Богданци ги продолжи договорите со Живојин Илиќ, Даниел Андоновски, Ѓорѓе Атанасов, а прв професионален договор доби младиот Никола Тасев. Досега клубот ги донесе левиот бек Тодор Узунчев, левото крило Славе Јанковски и голманот Благој Панов, а се раздели со Кристијан Костадиновски, Лазар Адамовиќ, Никола Димитров и Жоао Гекас.






















