Петковски во ТОП 3 голмани со најмногу одбранети пенали во Полска!

Македонскиот чувар на мрежата Андреј Петковски кој од ова лето ќе има нов предизвик во кариера, може да се пофали со одлична статистика на крајот на сезоната во Полска.

Полјаците ја објавија статистика на „пенал мајсторите“, а меѓу најдобрите тројца се најде и Андреј Петковски, кој играше за Лото Пулави.

Синот на легендарниот Зоран Петковски успеа да одбрани дури 16 пенали, иако не играше на сите натпревари во текот на сезоната, а тоа беше доволно за третото место меѓу голманите со најмногу одбранети пенали.

Петковски од ова лето ќе го носи дресот на чешкиот шампион Талент Плзен со кој ќе настапува и во европските купови.