Македонската репрезентативка Борјана Коцева успешно го одработува процесот на рехабилитација по успешната операција на преден вкрстен лигамент и менискус.
Ракометарката што одлично се снаоѓа на сите бековски позиции би требало да биде подготвена за камбек на терените по стартот на новата сезона.
Нејзината сестра Бојана ја продолжи соработката со Ѓорче Петров, а многу веројатно наскоро и Борјана ќе го стори истото.
Борјана беше дел од Вардар и Металург Автокоманда, пред да дојде минатото лето кај „лавиците“.






















