МВП НА 10. КОЛО ОД ПЛЕЈ-ОФ/АУТ ВО СУПЕР МАШКАТА ЛИГА – ТОШЕ ОНЧЕВ (КУМАНОВО)

Левиот бек на Куманово, Тоше Ончев, го доби признанието за најкорисен играч, односно МВП на 10. коло од плеј-оф/аут во Супер машката лига.

Велешанецот беше меѓу најзаслужните за триумфот на натпреварот против Пролет на гостински терен од последната рунда.

Тој освои 27% од гласовите на анкетата, додека второпласиран беше Петар Атанасијевиќ кој освои 21% од гласовите.

Номинирани за МВП на 10. коло од плеј-оф/аут во Супер машката лига беа уште и Денис Шабановиќ, Домен Тајник, Урош Митровиќ, Николаос Лиапис и Милош Валах.