Во рамките на 6 коло од Младинската лига во женска конкуренција, беа одиграни два натпревари.
Екипата на Спартак забележа победа против Илинден Вардар со високи 40-28. Најефикасни во редовите на Спартак беа Анастасија Митова со осум гола и Мила Мемов со седум гола, додека кај Илинден Вардар најефикасна беше Ева Ѓеоргиевска со 12 гола.
Тимот на Ѓорче Петров триумфираше против Скопје со 34-29. Најдобар стрелец кај Ѓорче Петров беше Марија Јанкуловска со 14 погодоци, додека кај Скопје најдобар стрелец беше Стефани Ристиќ со девет погодоци.
Ѓорче Петров е лидер на табелата со пет победи на пет натпревари и 15 бода, додека втор е Вардар со 12 бода, но и меч помалку.
Младинки, 6. коло, резултати:
Спартак – Илинден Вардар 40-28
Куманово – Вардар одл.
Ѓорче Петров – Скопје 34-29
Шампион слободен