Младинци: Младост реди победи и оди кон врвот, Цветковски херој на Бутел, Вардар падна во Битола

Се комплетираше 11. коло од младинската лига во машка конкуренција.

Младост Богданци продолжува со серијата без пораз во младинската лига, а на последниот натпревар го совлада Охрид со високи 30-17. Најдобар стрелец кај Младост Богданци беше Илија Чрчев со осум гола, додека кај Охрид најдобар стрелец беше Никола Ристески со шест гола.

Еурофарм Пелистер беше подобар од тимот на Вардар со резултат 32-25. Најефикасен кај екипата на Еурофарм Пелистер беше Благој Христовски со девет гола, додека кај екипата на Вардар најефикасен беше Иван Најдовски со осум гола.

Неизвесно беше на натпреварот меѓу Тиквеш и Бутел Скопје, каде победа забележа тимот од Скопје со минимални 42-41. Иако на пауза беше нерешено 17-17, и во второто полувреме се играше гол за гол, како во првото полувреме.

Кај тимот на Бутел Скопје по еден црвен картон заработија Стефан Јовевски и Марко Божиновски. Најефикасен кај екипата на Бутел Скопје беше Петар Цветковски со 12 погодоци,  а тој го постигна и победничкиот гол, додека кај Тиквеш најефикасен беше Славчо Шулески со 17 погодоци.

Овче Поле триумфираше против Прилеп со конечни 41-31. Најдобар стрелец кај Овче Поле беше Петар Начев со 12 гола, додека кај Прилеп најдобар стрелец беше Давид Трајкоски со 12 гола.

Лидерот на табелата Мулти Есенс славеше во дерби натпреварот со Голден Арт со 36-32. Најефикасен кај Мулти Есенс беше Давид Димевски со осум гола, додека кај Голден Арт најефикасен беше Кристијан Стаменковиќ исто така со осум гола.

Алкалоид убедлив на домашен терен против Еурофарм Пелистер 2 со 38-18. Најефикасен во редовите на Алкалоид беше Марин Крстевски со седум гола, додека кај Еурофарм Пелистер 2 најефикасни беа Томче Пецаковски и Димитар Вирловски со по четири погодоци.

На табелата Пролет и Голден Арт се на делба на второто место со по 23 бода, додека Младост Богданци е на четвртото место со 22 и јасно е дека не очекува возбудлив финиш на есенскиот дел од сезоната.

Младинци, 11. коло, резултати:

Младост Богданци – Охрид 30-17
Овче Поле – Прилеп 41-31
Тиквеш – Бутел Скопје 41-42
Еурофарм Пелистер – Вардар 32-25
Алкалоид – Еурофарм Пелистер 38-18
Мулти Есенс – Голден Арт 36-32
Пролет слоб.