Машката репрезентација на Македонија со голот на Филип Кузмановски одигра реми против Австрија, 29:29, во натпревар од 1. коло од главната фаза на Светското првенство 2025 во Данска, Норвешка и Хрватска.
Најефикасен на денешниот натпревар беше Марко Митев, постигна шест погодоци и подели неколку асистенции кон своите соиграчи.
Митев, кој не беше во составот против Гвинеја поради мала повреда, го коментираше ремито против Австрија и најави победа над Катар.
,,Се обидов да го дадам максимумот, иако имав мала повреда, типот на противникот ми лежеше, но Австрија е силна репрезентација, тешко беше да се надигруваш во тие 60 минути, се мачевме многу, посебно со таа игра 7 на 6, на крајот имавме можеби малку среќа, но среќата ги прати храбрите. Има повредени и болни ракометари но што е тука е, мора да го дадеме максимумот доколку сакаме победа над Катар, мора на тој натпревар да влеземе максимално фокусирани”, изјави Митев.
Македонија во 2. коло од главната фаза на Мундијалот ќе се соочи со Катар, додека во последноот коло ќе игра со еден од фаворитите за златото – Франција.