Дебитантот во женската лига тимот на Металург Автокоманда пет дена по одигрување на натпреварот со Ѓорче Петров, што заврши со реми, 25-25 објави соопштение на својата ФБ страница со која застана во одбрана на Ракометната федерација на Македонија и Натпреварувачката комисија.
„Би сакале во целост да ги осудиме неаргументираните обвинувања и напади до раководството на РФМ и до натпреварувачката комсија на РФМ, и да ги повикаме сите ракометни клубови заедно со РФМ заеднички да работиме за развој на женскиот ракомет, за подобрување на условите во кои се одвиваат натпреварите, а не да се занимаваме со невистинити и лажни обвинувања, се вели во соопштението.
Целосното соопштение на клубот можете да го прочитате на нивниот ФБ профил.
Екипата на Ѓорче Петров во саботата објави соопштение во кое се бара поништување на последниот гол на Металург Автокоманда, и регистрирање на средбата со победа на актуелниот шампион.
Ѓорче Петров распали по РФМ: Време е да се отстрани секое зло во македонскиот ракомет!