Металари и Николовски уживаат доверба во ЕХФ – ќе судат четвртфинале во Лигата на шампионите!

Исмаил Металари и Ненад Николовски добија нова задача од Европската ракометна федерација и ќе бидат активни во завршницата на најелитното клупско натпреварување.

Тие се делегирани од ЕХФ за вториот меч од четвртфиналето од женската Лига на шампиони меѓу унгарскиот Ѓер и германскиот Лудвигсбург.

Натпреварот меѓу европскиот шампион и Лудвигсбург е закажан за 26 април во „Ауди Арена“ во Ѓер со почеток во 18:00 часот.

ЕХФ за овие натпревари од завршницата на ЛШ делегира и по двајца делегати, а во Ѓер тоа ќе биде Абрахамсен од Норвешка и Димкова од Бугарија.

Ова е уште една нова шанса за Металари и Николовски да ги покажат своите квалитети и во иднина да се надеваат на делегирање на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите.