Тимот на Мелсунген по вторпат сезонава го совлада Кил во Бунде слигата, откако денеска на свој терен триумфираше со 27:22.
На првиот меѓусебен дуел, одигран на стартот на сезоната, избраниците на Парондо беа подобри со четири гола разлика, 25:21.
Овие две екипи се сретнаа и во главната фаза од Лигата на Европа. Првиот натпревар заврши без победник, 26:26, додека во вториот „зебрите“ одиграа доминантно и славеа со 35:24.
Во денешната победа за Мелсунген се истакна исланскиот репрезентативец Елвар Јонсон со шест погодоци, а одличе меѓу стативите беше Небојша Симиќ со 14 интервенции.
Во редовите на Кил, најдобар стрелец беше Бенце Имре со шест гола, додека норвешкото дуо Јоханесон и Рајнкинд комбинираше вкупно девет погодоци.
Со оваа победа, Мелсунген останува во трката за титулата во Бундеслигата, моментално се наоѓа на втората позиција со 38 бода, додека Кил е четврти со четири бода помалку.