MaxBet донира 20.000 евра за помош на семејствата на загинатите во Северна Македонија

Белград, 21. март 2025 – Сочуствувајќи со семејствата на загинатите и сите граѓани на Северна Македонија погодени од трагичниот пожар кој се случи, компанијата MaxBet изразува длабоко жалење поради оваа несреќа и испраќа искрено сочувство до сите кои ги изгубиле своите најблиски. Во духот на солидарност и поддршката, MaxBet донира 20.000 евра на жиро сметката отворена од Црвениот крст на Србија, наменета за помош на семејствата кои претрпеле непремостлива загуба.

„Како дел од заедницата, сметаме дека е важно, во моментите на голема тага и предизвици, да покажеме близина и солидарност. Оваа донација е израз на нашата искрена желба да бидеме поддршка за семејствата кои поминуваат низ исклучително тежок период и да, иако симболично, придонесеме во напорите да им се обезбеди помош на тие на кои сега им е најпотребна. Веруваме дека токму во ваквите моменти, силата на заедништвото е најважна“, изјави Саво Бакмаз, генерален директор на компанијата MaxBet.

Со оваа донација, MaxBet сака да поттикне и други компании, организации и поединци да се придружат на хуманитарната акција и, во согласност со своите можности, да помогнат на оние кои се погодени од оваа трагедија.

За компанијата MaxBet:

MaxBet е дел од Flutter International, водечка глобална компанија за спортско обложување и игри на среќа, чија иновација и технолошки напредок се препознаени на пазарите ширум светот. Со повеќе од 30 години искуство, MaxBet работи на повеќе од 450 локации во Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Северна Македонија, вработувајќи повеќе од 3000 луѓе. Како лидер во технолошките иновации, MaxBet постојано развива нови производи и услуги со цел да им обезбеди на своите корисници најмодерно и најбезбедно искуство. Нашата компанија е посветена на одговорно работење, со постојани инвестиции во одржливост и поддршка на локалните заедници. MaxBet е повеќе од игра – тоа е компанија која комбинира интернационално искуство со локална експертиза, создавајќи безбедно, сигурно и одговорно опкружување за сите учесници.