Ракометарите на Струга можеби ја забележаа клучната победа во трката за пласман во плеј-оф фазата, откако пред својата публика го совладаа Скопје со 38:29.
Стружани уште од почетокот наметнаа свое темпо и во текот на целиот натпревар одржуваа резултатска позитива.
Средниот бек и кадетски репрезентативец на Македонија, Јулијан Матески, ги сподели своите импресии по освоените три важни бода.
,,Натпреварот во воведниот дел го започнавме добро, но гостите возвратија со мини серија, па успеаа да држат некоја неизвесноста до крајот на првото полувреме. Во второто полувреме влеговме многу помотивирано, со добра и цврста одбрана, како и со побрза транзиција, со што успеавме да го скршиме отпорот на Скопје и дојдовме до висока победа”, изјави Матески.
Тој вели дека тимот на Струга доколку се пласира во плеј-офот, тогаш би можела да покаже солидни изданија.
,,Пред сѐ нашите мисли се насочени кон пласман во плеј-оф фазата и максимално сме фокусирани да ја исполниме нашата цел, а доколку го оствариме тоа, јас сум сигурен дека ќе се претставиме во добро светло во вториот дел од сезоната, односно во разигрувањето за титулата”, вели Матески.
Новиот ракометар на Струга дадената минутажа на денешниот дуел ја искористи на најдоба рможен начин и потврди дека има голем потенцијал.
,,Најнапред сакам да се заблагодарам на довербата од страна на управата и тренерот Наум Танески кои ми даваат шанса да се докажувам и да стекнувам искуство во суперлигашката конкуренција, сите знаеме дека првенството во Македонија е меѓу најдобрите на Балканот, а јас ќе дадам сѐ од себе да ја оправдам стекнатата доверба и да се покажам во добро светло”, заврши Матески.
Следен предизвик за екипата на Струга ќе биде дуелот против вицепрвакот, кој моментално е лидер во групата А.
Младеновски и Бошњак искомбинираа 19 гола, Струга е на чекор до плеј-оф!