Младеновски и Бошњак искомбинираа 19 гола, Струга е на чекор до плеј-оф!

Ракометарите на Струга во натпревар од 11. коло од Супер лигата славеа важна победа над Скопје со 38:29 и со новите освоени бода се многу блиску до пласман во плеј-оф фазата. Струга се зацврсти на 4. позиција во А групата, на свое конто има 18 бода, додека нејзиниот главен ривал, тимот на Аеродром, има 13 бода.

Стружани во текот на целиот натпревар диктираа темпо и покажаа дека целосно се фокусирани за остварување на зацртаната цел во новата сезона – пласман во плеј-оф фазата. Тимот на Скопје, кој беше формално домаќин во спортската сала „Нико Нестор“ имаше лош старт и за десет минути игра постигна само два гола.

Избраниците на Танески стартуваа според посакуваното, поведоа со 5:1, односно 7:2 во воведните десет минути и до крајот на натпреварот беа во резултатска предност. Скопје само во еден момент се закани, кон средината на првиот дел кога намали на 7:6, но потоа претежно заостануваше на три до четири гола разлика.

Сепак, стружани требаше максимално да одработат, бидејќи тимот на Димитриоски на дел од натпреварот покажа дека може да парира и да биде незгоден ривал. Имаше периоди кога Струга се опушташе, па Скопје доаѓаше на два гола разлика, пред сѐ поради добрата игра на Митиќ. По 30 минути игра резултатот беше 19:17 за составот на стружани.

Вториот дел мина во целосна доминација на Струга, која во периодот од 35 минута, па до крајот, влезе во уште поголема брзина, се разигра Бошњак, левиот бек Младеновски продолжи со своето шутерско издание, па така ,,гостите” во 45 минута дојдоа на двоцифрена предност, 32:22.

Во останатиот период немаше поголеми проблеми, ракометарите на Танески продолжија во исто темпо, а шанса на теренот имаа и ракометарите со помала минутажа. Скопје се обидуваше да ја намали разликата и да дојде до пристоен пораз, но Струга не дозовлуваше голем напредок во нивната игра.

Најефикасни во победничката екипа беа Јовица Младеновски со десет и сѐ подобриот Мерис Бошњак со девет погодоци. Во Скопје прво име беше Андреј Митиќ со 12 реализации.

ПозЕкипаНПРЛБ
1АЛКАЛОИД14131040
2ОХРИД14110333
3ТИКВЕШ14110333
4СТРУГА1470721
5ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 21460818
6АЕРОДРОМ1441913
7КУМАНОВО1412115
8СКОПЈЕ1402122