Марсениќ го потопи Кил!

Тимот на Фуксе Берлин ја презема лидерската позиција и си ги зголеми шансите за шампионската титула во Бундес лигата.

Фуксе Берлин предводен од екс членот на Металург и Вардар, Мијајло Марсениќ, кој даде десет гола, триумфираше на гости кај Кил со 36-34.

Ниту Андреас Вулф, ниту Томаш Мрква немаа решенија за ударите на кружниот напаѓач, кој ја одигра партијата на сезоната во „Вундерино Арена“ пред повеќе од 10.000 гледачи.

Вториот екс вардарец, Дејан Милосављев, беше одличен во финишот на мечот, кога ги запре ударите на Винчек и Пекелер.

Важна улога имаше и средниот бек Нилс Лихтлајн, МВП од младинското СП 2023, кој во последните десетина митути, четири пати ја погоди мрежата на Кил.

На табелата сега Фуксе Берлин е лидер по 26 кола со 42 бода, пред Мелсунген, кој има 40 но и меч помалку, а трет е Хановер со 39 бодови.