Некогашниот ракометар на Металург и Вардар, Мијајло Марсениќ, од 2018 година е член на бундеслигашот Фуксе Берлин.
Со германскиот тим го врзува договор до 2027 година, но кружниот напаѓач планира кариерата да ја заврши во Србија, а тоа го откри во интервју за „Моцарт Спорт“.
„Голем патриот сум. Не би ми требало многу за да се вратам. Кога би ме повикал Партизан, кога би направил екипа каква што сега има Војводина и врати неколку репрезентативци, како и да знам дека договорот ќе биде испочитуван како што треба, не би имал никаква дилема. Го молам Бог тоа да се случи и еден ден да одлучам повторно да играм во Србија во последните година-две од кариерата. Се разбира, тоа треба да биде амбициозен проект, да се игра во Европа, тоа ми е голема желба“, изјави Марсениќ.
Тој се искачи на европскиот врв со Вардар во 2017 година, а од 2018 година замина во Бундес лигата. Ако го одработи договорот со Фуксе Берлин до крај, тогаш ќе комплетира девет сезони во Германија.