Мандиќ се огласи по инцидентот: Мене совеста ми е чиста, а Кос…

Голманот на Загреб, Матеј Мандиќ, моментлно се опоравува од тешката повреда што ја доби кога беше удрен со тупаница во главата од Милош Кос по загубениот натпревар од Нант во Лигата на шампионите.

Мандиќ иако беше во комбинација за настап на Светското првенство 2025, сепак, селекторот на Хрватска, Дагур Сигурдсон, нема да ризикува бидејќи на 22-годишниот голман му е потребно подолго време за да се опорави.

Во интервју за хрватскиот портал ,,Данас” Мандиќ истакна дека српскиот репрезентативец ќе одговара за последиците и постапките.

,,Мојата совест е чиста. Што се однесува до мене, спијам мирно, а Милош Кос сигурно ќе одговара за своите последици и за постапките што ги направи“.

Како што е познато, против Милош Кос пред извесен беше поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство во Загреб.

„Кос погреши, ама не го заслужи ова што му се случува…“