Машката кадетска репрезентација ја запиша третата победа во групната фаза на Медитеранското првенство што се одржува во словачкиот град Шаморин.
Избраниците на Горан Кузманоски го совладаа Косово со убедливи 30-15, во поени со 5-0, а по периоди беше 9-6, 8-5, 13-4.
Победникот на овој меч во ниту еден момент не беше доведен во прашање, од стартот нашите кадети наметнаа играа, направија добра залиха и имаа контрола на теренот, па само одработуваа рутински.
Утре кадетите ги чека битка со Романија од 09:00 часот, која ќе биде клучна околу освојувањето на третото место во групата, бидејќи Македонија сега има 15,5 поени.
Прв е Египет со 23 поени, Шпанија е втора со 18,5 но и меч помалку, додека Романија е четврта со 10, и исто така со меч помалку.
Натпреварите на овој шампионат се игра во три третини по 15 минути, се добива по еден бод за секоја добиена третина (или по 0,5 ако е реми), и уште два за победа.

























