Тимот на Кире Лазаров во Норвешка испиша историја и ќе се бори за трофејот во третото по ранг европско клупско натпреварување – Европскиот куп.
Бидејќи првиот дуел во Автокоманда заврши со победа на Алкалоид од 42:37, а Рунар победи во регулариот дел од реваншот со 34:29, патникот во финалето се одлучуваше на пенали
Во изведувањето на пеналите момците на Лазаров беа целосно фокусирани, домаќините промашија три пати, па така натпреварот по изведувањето на пеналите заврши со резултат 35:32.
Норвешкиот тим одлично го отвори натпреварот и уште на самиот старт поведе со 6:1, задржувајќи резултатска предност од четири до пет гола во најголемиот дел од првото полувреме.
Избраниците на Мирхол не му дозволуваа на македонскиот претставник да се врати во игра, па на пауза заминаа со предност од четири гола, 19:15.
До 50-та минута беше истото сценарио, потоа Рунар дојде до пет позитива, имаше и шест, но по 60 минути игра беше 34:29, а тоа значеше дека патникот во финалето ќе се одлучува на пенали.
Во серијата Рунар промаши три седмерци, а за македонскиот претставник погодија Серафимов, Митев и Петковски.
Во изведувањето на седмерците, момците на Лазаров беа непогрешливи, па иако македонскиот претставник ќе се бори за европско злато.
Одлична партија во тимот на Лазаров имаа Дамјан Митев со девет и Мартин Серафимов со осум погодоци.