Македонската интернационалка Александра Боризовска и нејзиниот клуб ПАОК Солун го освоија трофејот во Купот на Грција.
ПАОК Солун на финалниот натпревар од завршниот турнир го совлада составот на Јонијас со 26-22.
На полувремето ПАОК водеше само со гол разлика, 11-10, но во второто полувреме беше скршен отпорот на противникот.
Боризовска беше стрелец на еден погодок во мрежата на противникот, за кој играат екс вардарките Татјана Хмирова и Екатерина Љубјанаја.