Женската кадетска репрезентација на Македонија се пласираше во финалето, откако во полуфиналето на Светското првенство во училишен ракомет ја совлада селекцијата на Турција со 30-22.
Иако Турчинките водеа со четири гола разлика во првото полувреме, сепак избраничките на Даниела Новеска успеаја до паузата да се вратат во егал, 12-12.
Избраничките на Даниела Новеска во вториот дел ја имаа контролата, водеа со по еден или два гола разлика, но во последните десетина минути стигнаа до плус три, 24-21.
Илиоска одбрани пенал, потоа следуваа уште два гола во мрежата на Турција и веќе беше јасно дека Македонија оди во битката за злато.
Финалето утре против селекцијата на Хрватска ќе се одигра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 14:00 часот.
























