Македонија ЃП сигурна против Текстилец, Вардар Неготино не виде мака во Ресен

Македонија ЃП на свој терен убедливо го совлада Текстилец од Штип со 39:25 (22:11) во натпревар од 13. коло од Супер лигата и со освоените два бода се вклучи во борба за првата позиција во групата А.

Домаќините одиграа фуриозно во двете полувремина, на пауза имаа 22:11 и во ист ритам продолжија во вториот дел.

Стефан Нацев беше прво име во домашниот тим со десет гола, а кај гостите Александар Јовановски беше најефикасен со пет гола.

Екипата на Вардар Неготино на гостувањето во Ресен кај Преспа Вардар без проблеми запиша нова победа во Првата лига, триумфираше со 33:22.

Гостите од Неготино двата бода веќе ги освоија во првото полувреме, кое го добија со 13 гола разлика, 23:10.

Вториот дел беше повеќе формалност и рутински одработување на задачата од страна на неготинци.

Шутерски расположен повторно беше Мирослав Митевски, кој натпреварот го заврши со 11 погодоци, а го следеше Костадин Петров со седум гола.

Кај домаќините прво име беше Александар Димитриевски со пет реализации, четири имаше Александар Темелко.