Прв тест за Македонија пред СП

Машката репрезентација на Македонија во Стара Пазова го одработува првиот дел од подготовките за настапот на Светското првенство во Хрватска, Данска и Норвешка.

Избраниците на Кире Лазаров денеска од 19:00 часот ќе стартуваат со пријателски натпревари, а прв ривал ќе биде младиот тим на Нови Београд.

Македонија на 27 декември ќе тестира со еден од подобрите српски суперлигаши – Динамо Панчево, додека два дена подоцна со репрезентацијата на Саудиска Арабија.

Контролните натпревари во Србија нема да бидат последни за „црвено-жолтите“, бидејќи во последната фаза од подготовките Македонија ќе ги одмери силите со Хрватска.

Нашата репрезентација за ривали во групната фаза на Мундијалот ги има Унгарија, Холандија и аутсајдерот Гвинеја.