Mакедонија ги доби ривалите: Против Шпанија, Грција, Турција…на Медитеранските игри

Машката ракометна репрезентација на Македонија ги доби ривалите на претстојните Медитерански игри во алжирскиот град Оран.

Избраниците на Кире Лазаров се најдоа во групата Б и ќе играат против Шпанија, Турција, јужниот сосед и домаќинот Алжир.

Во другата група А, која се чини дека е потешка, ќе играат Тунис, Словенија, Египет, Италија и Србија.

Селекторот Лазаров го скрати списокот на 22 ракометари, а подготовките на националниот тим стартуваат од 13 јуни.

Натпреварите на Медитеранските игри ќе стартуваат на 26 јуни.