Тимот на Висла Плоцк ја доби „Светата војна“ во Полска, откако триумфираше над европскиот вицепрвак Келце со 29-28, па со грижи ги испрати Талант Душебаев и неговите избраници на зимска пауза.
Иако беше 28-28 на неколку секунди пред крајот, сепак, членот на Висла Плоцк, Михал Дашек погоди во голот на Вулф за голема победа и голема радост за составот на Хави Сабате.
Висла Плоцк по победата над тимот на Душебаев сега има 51 бод и се наоѓа на првото место на табелата, додека Келце е втор со 48 бода.
Ова е прв триумф на Висла Плоцк на гостински терен кај Келце по 12 години.g-
Од ова сезона има плеј-оф на елиминации во полскиот шампионат, па оваа победа нема да биде решавачка во битката за титулата, но секако ќе биде значајна за самодовербата на ракометарите на Висла дека можат конечно да го симнат Келце од тронот.