Ловќен е шампион на Црна Гора, Радовиќ го подигна трофејот!

Ракометарите на Ловќен се старо-нови шампиони на Црна Гора, откако ја освоија титулата супериорно со шест бода предност пред Будуќност.

Тимот од Цетиње, чиј капитен е некогашниот пелистерец Мирко Радовиќ, запиша триумф над Сутјеска со 44-25 во последното коло, а титулата беше освоена на три кола до крајот.

Ова е трета титула по ред за Ловќен, а вкупно 12 во првенството на Црна Гора. Во оваа сезона избраниците на Филип Поповиќ запишаа 17 победи и само еден пораз.

По ЕХФ неделата, ракометарите на Ловќен ќе имаат шанса за двојна круна, а фокусот по завршувањето на првенството, се префрла на Ф4 во Купот на Црна Гора, кој ќе се игра на 17 и 18 мај.