Лидери во Грција – Неа Јонија и Зарков со девет од девет во првенството

Тимот на Неа Јонија, предводен од легендарниот Александар Зарков, првиот дел од сезоната во грчкиот шампионат го заврши без пораз.

Амбициозниот тим на Неа Јонија во последното, 9. коло од есенскиот дел од сезоната запиша важна победа.

Тимот на Зарков славеше над незгодниот Артас со 33:29 и дојде до деветти сезонски триумф.

Во тимот на Неа Јонија настапуваат двете екс ракометарки на Вардар, Татјана Хмирова и Екатерина Лубјанаја.

Двете споменати ракометарки на сите девет одиграни натпревари одиграа на високо ниво.