Машката сениорска репрезентација на Македонија денеска го имаше првиот собир за ЕХФ неделата и двомечот со селекцијата на Грција.
Селекторот Кире Лазаров за овој собир повика 22 ракометари, а вметна и осум резерви, кои би можеле да „влетаат“ ако има потреба.
На списокот нема никакви изненадувања, а единствена новост беше десното крило од чешкиот Плзен, Никола Костески, кој по долго време се врати на репрезентативен список.
Двајца од повиканите – Филип Кузмановски и Никола Митревски ќе пристигнат дополнително, а селекцијата би требало да биде комплетна на утрешните тренинзи.
Пријателските натпревари со јужниот сосед се играат во Солун на 4 и 5 ноември.