Лазаров е најуспешен тренер за 2024

Вечерва во Македонската опера и балет се одржува изборот за Спортист на годината по јубилеен 70. пат.

За најдобар тренер/селектор за 2024-та година беше избран Кирил Лазаров, кој е актуелен селектор на машката репрезентација на Македонија и тренер на Алкалоид.

Лазаров ја водеше Македонија на континенталните собири во 2022 и 2024, како и на Светското првенство во 2023, а во јануари заедно со неговите избраници ќе играат на Мундијалот во Данска, Норвешка и Хрватска.

На домашна сцена со тимот од Автокоманда веќе три години бележи одлични резултати, најпрво беа вицешампиони, во ланската сезона третопласирани, додека есенскиот дел од оваа сезона го завршија како лидери во најквалитетното домашно натпреварување.

Во конкуренцијата за тренер/селектор на годината беа уште Дејан Митровски – Урко (кикбокс), Александар Кузмановски (карате), Благоја Милевски (фудбал), Бранимир Јовановски (спортско стрелаштво).