Лазаревски: Добар резултат ќе биде доколку покажеме борбена и прецизна игра!

Машката сениорска репрезентација на Македонија денес пристигна во Диселдорф и го одработи еден од трите планирани тренинзи пред првиот натпревар на Европското првенство.

Во текот на подготвителниот период во одлично издание се покажа кружниот напаѓач Милан Лазаревски, кој во првиот дел од сезоната имаше забележителни партии и на клупско ниво.

Младиот ракометар ги истакна своите очекувања пред настапот на континенталниот собир.

,,Добар резултат на Европското првенство во Германија би бил да покажеме борбена, прецизна и концизна игра, односно задачите кои ги имаме зацртано да ги имплементираме колку што можеме, грешките да ги сведиме на минимум и ќе видиме каков резултат ќе имаме. На сите три натпревари одиме со 100%, не само со Швајцарија, не сум најголем фан на калкулации и кога пристигнав во репрезентацијата видов дека има еден голем број играчи кои играат до максимум без разлика кој е ривалот”, изјави Лазаревски.

Македонија првиот меч на ЕП го игра против Франција на 10 јануари од 18:00 часот на стадионот „Меркур Шпил Арена“ во Диселдорф.

Освен со Франција, македонската репрезентација на континенталниот собир ќе игра и против Швајцарија и домашната селекција – Германија.

Митревски за 24Ракомет ТВ: Ќе го дадеме максимумот, па сѐ е можно! (ВИДЕО)

Талески: Треба да бидеме опуштени, да ја играме нашата игра

 

Кузмановски за 24Ракомет ТВ: Ние сме Македонци, нема предавање (ВИДЕО)