Митревски за 24Ракомет ТВ: Ќе го дадеме максимумот, па сѐ е можно! (ВИДЕО)

 

 

Македонската машка ракометна репрезентација денеска пристигна во Диселдорф, се чекираше во хотелот каде ќе биде сместена, и веќе може да ги насочи мислите кон првиот предизвик на Европското првенство 2024. Еден од главните лидери на оваа генерација е искусниот Никола Митревски од кој се очекува да блесне на голот на Македонија. Во пресрет на првиот натпревар и воопшто за очекувањата на настапот на претстојното ЕП, Митревски за 24Ракомет ТВ ги сподели своите очекувања. Целосната изјава на Митревски погледнете ја во видео прилогот...