Лани играше во Кавадарци, сега го промени клубот во татковината

Некогашнот среден бек на Тиквеш, Игор Кривокапиќ, ќе има нов клуб, откако го напушти составот на Будванска Ривиера.

Организаторот на играта беше промовиран во црногорскиот тим Будуќност и таму ќе игра во претстојната сезона.

Кривокапиќ беше дел од кавадаречки Тиквеш во сезоната 2024/25, а претходно играше во Полска, Унгарија и Израел.

Покрај на домашна сцена, Кривокапиќ и Будуќност ќе бидат активни и во ЕХФ Европскиот Куп.