Куманово со ново засилување – потпиша младиот Лазаревски

Суперлигашот Куманово продолжува да се засилува за вториот дел од сезоната, во која по завршувањето од регуларниот дел ќе игра во плеј-аут фазата.

Ново име во тимот предводен од Љубиша Димковски е младиот кружен напаѓач Стефан Лазаревски (2007 година), кој ќе има шанса да ги покаже своите квалитети во суперлигашкото друштво.

Лазаревски во својата кариера бил дел од младински категории на Драчево, Будимир, Аеродром, Вардар и Голден Арт каде во својата возрасна категорија бележи одлични настапи и игра на високо ниво на ракометните терени.

Куманово претходно се засили со средниот бек од Хрватска, Лука Матчиќ, како и со тројцата Бразилци – десниот бек Гиљерме Да Силва Фернандес, левиот бек Џанкарло Фепипе Хен и кружниот напаѓач  Жоао Виктор Соарес Флорес.