Поминаа повеќе од две години откако хрватскиот репрезентативец Халил Јагањац го измести десното рамо на натпреварот меѓу Рајн Некар Левен и Ерланген во Бундес лигата.
Тогаш започна мачниот период за некогашниот ас на Металург, а се зборуваше и за прекин на кариерата. Јагањац имаше некоку операции, но сега е крајот на ноќните мори за него и за клубот.
„Започна тимски тренинг минатата недела. Прерано е да заигра на натпрвар, но уверени сме дека ќе може да биде во екипата наскоро“, изјави тренерот на РНЛ, Себастијан Хинце.
Иако лекарите предвидуваа дека Јагањац би можел да се врати во форма на средината на вториот дел од сезоната, сепак се чини дека ќе може многу порано да заигра на високо ниво.
Во 2023 тој се врати накратко на терените, дури одигра неколку меча само во одбраната, но одново го повреди рамото и мораше на нова операција.
Селекторот на Хрватска, Дагур Сигурдсон, го има Јагањац на поширокиот список за СП 2025 година, па би можело да биде евентуално изненадување за сите ако тој заигра на Мундијалот.
Јагањац е играч на Келце, позајмен во Рајн Некар Левен, со кој има договор до 2025 година.