Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Дарио Петровски, заедно со екипата на Коњух влегоа во победнички ритам и на претходните три одиграни натпревари во босанскиот шампионат ги освоија посакуваните бодови.
Екипата на Петровски во натпревар од 7. коло од шампионатот на БиХ на гостувањето кај Херцеговина победи со два гола разлика, 27:25 и се израдува на четвртата сезонска победа.
Битолчанецот на дуелот во Невесиње имаше солидно издание, зад своето има запиша три погодоци и кон своите соиграчи имаше пет асистенции.
Коњух во однос на лидерите на табелата, тимовите на Борац и Леотар, заостанува само на бод. Двата клуба имаат 10 бода на свое конто, додека Коњух заедно со Грачаница, Извиѓач и Криваја има по девет.