Од утре започнува разигрувањето за четвртфинале и за пласман на Европското првенство за младинци во Романија. Македонија е дел од групата 2 од оние што разигруваат за пласман заедно со селекциите на Норвешка, Австрија и Летонија.
По одигрувањето на две кола, ќе биде познати кои селекции ќе разигруваат за пласман од 9 до 16 место, а кои ќе одат во битките за пласман од 17 до 24 место.
Австрија е прва на табелата со 2 бода, исто толку има Норвешка, а Македонија е трета на табелата без бодови, исто колку и Летонија на последното место. Утре од 11:00 часот Македонија ќе се соочи со Австрија, додека во вторник од истиот термин, избраниците на Игор Илиевски ќе играат против Летонија.
Првопласираниот од оваа група сигурно оди во разигрувањето (9-16), а таму ќе има место и за најдобрата второпласирана селекции од овие три групи за разигрување за пласман.
Македонија нема притисок бидејќи го има обезбедено своето место на Мундијалот наредната година во Скопје, а таму ќе играат ТОП 16 селекциите на ова ЕП.
Европско првенство, главна рунда:
група 1: Швајцарија 2, Германија 2, Франција 0, Фарски Острови 0
група 2: Данска 2, Шпанија 2, Исланд 0, Хрватска 0
група 3: Шведска 2, Унгарија 2, Словенија 0, Романија 0
Европско првенство, разигрување за пласман:
група 1: Португалија 2, Турција 2, Србија 0, Грција 0
група 2: Австрија 2, Норвешка 2, Македонија 0, Летонија 0
група 3: Израел 2, Полска 2, Чешка 0, Босна и Херцеговина 0
























