Тимот на Бутел Скопје продолжува со формирањето на играчкиот ростер за наредната сезона во која влегува со амбициите за најмалку истиот резултат од минатата сезона кога заврши веднаш зад големата четворка.
Десното крило Стефан Зенговски, покрај во младинската екипа, има важна улога и во првата екипа, ја продолжи соработката до 2028 година.
Бутелци почнуваат нова ера со Стојанче Стоилов на кормилото, а досега ги потврдија ангажманите на голманите Градимир Чаневски и Марко Богдановски, како и на младите Андреј Ѓорѓески (лев бек) и Тодор Аксентиев (десен бек).
Десното крило Бојан Спасовски го продолжи договорот, а истото го направија левиот бек Теодор Тодески и кружниот напаѓач Дејан Михајловиќ, како и двајцата младински репрезентативци Марко Каевски и Давид Јаневски.
Клубот се раздели со браќата Узунчеви, голманите Стојаноски и Трајкоски, како и Киселовски, Шилегов, Ѓурмешевиќ и Новаковски.
____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________
























