Коњалти на Гакидова и Ѓорѓиевска обезбеди Ф4 во Купот на Турција

Македонските репрезентативки Ивана Гакидова и Елена Ѓорѓиевска заедно со екипата на Коњалти обезбедија пласман на Ф4 турнирот во Купот на Турција.

Коњалти за ривал во четвртфиналето го имаше незгодниот Јенимахал, но ги доби и двата дуели.

Тимот на Гакидова и Ѓорѓиевска на првиот дуел славеше со 39:32, додека на реваншот, кој го одигра на гостински терен, обезбеди минимална победа со 36:35.

Покрај Коњалти, на завршницата од Купот на Турција ќе играат и екипите на Кастамону, Јаликавак и Измир.

Ривал на Коњалти во полуфиналето ќе биде актуелниот бранител на Куп трофејот, тимот на Кастамону.