Комплетирана е листата на учесници за новата сезона во Супер лигата

Екипата на Радовиш ја комплетираше листата на учесници за следната сезона во најквалитетното македонско натпреварување.

Радовиш триумфираше против Еурофарм Пелистер 2 со 27:26 во суперлигашкиот бараж и по едногодишна пауза повторно ќе игра со најдобрите домашни екипи.

Во сезона 2024/25 ќе се натпреваруваат вкупно 12 екипи, откако РФМ во штотуку изминатата сезона реши да менува систем на натпреварувања и да испаднат пет екипи од Супер лигата.

Од екипите кои се натпреваруваа во суперлигашкиот плеј-аут, во Првата лига, освен Еурофарм Пелистер 2, се селат уште Голден Арт, Вардар Неготино, Мулти Есенс, Скопје и Аеродром.

Дебитант во суперлигашкото друштво ќе биде Бисинов од Велес, кој го освои првото место во Првата лига без ниту еден загубен бод.

Супер лига 2024/25, учесници:

Еурофарм Пелистер (Битола)
Вардар (Скопје)
Алкалоид (Скопје)
Охрид (Охрид)
Тиквеш (Кавадарци)
Бутел (Скопје)
Пролет (Скопје)
Струга (Струга)
Прилеп (Прилеп)
Куманово (Куманово)
Бисинов (Велес)
Радовиш (Радовиш)