„Комити“ најавија поход на Битола – дербито со две навивачки групи

Навивачите на Вардар, Комити, најавија гостување во салата „Боро Чурлевски“ во Битола каде ќе се одигра вечното дерби против Еурофарм Пелистер.

Билетите за овој натпревар беа распродадени за седум минути, а тој ќе мине во полн сјај со двете навивачки групи – Комити и Чкембари.

Шампионот Еурофарм Пелистер има 11 бода на првото место на табелата, додека Вардар е втор со десет бода, па победа за битолчани ќе значи чекор напред кон одбрана на титулата.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар ќе се игра утревечер со почеток во 18:30 часот во „Боро Чурлевски“.