Кој со колку бода стартува – пролетни возбудвања во плеј-оф и битки за титула и Европа

Со вчерашниот одигран дуел меѓу екипите на Тиквеш и тимот од Автокманда заврши првиот дел од сезоната во суперлигашката конкуренција.

Од месец февруари ќе стартуваат битките за разигрувањето за титулата, како и битката за опстанок во најсилното натпреварување во Македонија.

По комплетирањето на сите натпревари во групата А и групата Б, познато е кој колку бода ќе пренесе во плеј-оф фазата.

Во плеј-офот и оваа сезона ќе се натпреваруваат најдобрите осум екипи. Според квалитетот на екипите, напролет не очекува голема неизвесност за првата позиција и за местата кои што водат во европските натпреварувања.

Максимален број бодови (3) пренесуваат Вардар, кој заврши како првопласиран во групата Б, како и вицепрвакот, кој без ниту еден загубен бод го освои првото место во групата А.

Актуелниот бранител на титулата, тимот на Еурофарм Пелистер, во плеј-офот ќе пренесе два бода. Со ист број на бодови ќе стартува и амбициозниот тим на Охрид, додека екипите на Тиквеш и Бутел Скопје на свое конто ќе имаат по бод.

Струга и Пролет кои завршија на 4. позиција во своите групи, плеј-офот ќе го стартуваат без бодови.

Супер лига, плеј-оф

Вардар 3
Алкалоид 3
Еурофарм Пелистер 2
Охрид 2
Тиквеш 1
Бутел Скопје 1
Струга 0
Пролет 0

Еве со колку бода стартуваат екипите во плеј-аутот, прашање е колку ќе испаднат од Супер лигата