„Ќе продолжам да работам за следниот пат да немам рамен“

Левото крило на Фуксе Берлин, Тим Фрајхофер, одигра одлично во првиот дел од сезоната во Бундес лигата, но и во Лигата на шампионите

Во досегашниот тек од сезоната во Бундес лигата постигна 109 погодоци, додека во европската елита 30 погодоци. Но, и покрај неговата импресивна статистика не доби место во германската репрезентација за Светското првенство 2025.

22-годишниот ракометар и покрај разочарувањето што не беше повикан во составот за Мундијалот има разбирање за моменталната ситуација.

,,Не би бил искрен доколку кажам дека изоставувањето не ме повреди. Но, ја разбирам и ја почитувам одлуката на селекторот. Ќе продолжам да работам и да ги усовршувам моите вештини за следниот пат да немам рамен“.

Селекторот на Германија, Алфред Гисласон, објасни зошто левото крило не е во составот на „панцирите“.

,,Нашите искусни играчи многу години покажуваат одлични резултати, а на еден ваков голем турнир како Светското првенство ние се потпираме на квалитети и проверени играчи “.

Германија на Мундијалот 2025 за ривали во групната фаза ги има репрезентациите на Чешка, Полска и Швајцарија.