Поранешниот тренер на македонските Кометал Ѓорче Петров, Вардар и Пелистер – Касим Каменица, на крајот од оваа сезона се раздели со Нексе Нашице.
Трофејниот стратег ја имаше улогата на советник во клубот. Каменица го водеше Нексе пет сезони од 2008 до 2013 година, кога овој тим се пробиваше на балканската и европска сцена.
По заминувањето на Веселин Вујовиќ оваа сезона, кратко беше и на клупата на хрватскиот вицепрвак.
Босанецот претходно беше дел од неговиот матичен клуб Горажде, каде освен тренерската, извршуваше и други функции во клубот.
Каменица во богатата кариера ги водеше и Целје, Загреб, Војводина, а седеше и на клупата на некогашна Југославија, потоа Словенија, Црна Гора, Босна и Херцеговина…